Управувањето на вашите финансии е од суштинско значење за успехот на вашиот бизнис. Ние ви гарантираме прецизност, ефикасност и стратегиско водење на вашите финансии. Со нашиот тим на квалификувани овластени сметководители со долгогодишно искуство во областа на финансии и сметководство,ви обезбедуваме целосна поддршка во управувањето на вашите финансии, вклучувајќи ги сметководството, даночното советување, финансиското планирање и анализата

Сметководствени услуги

Нашиот тим на искусни сметководители обезбедува комплетни сметководствени услуги за вашата компанија. Овие услуги вклучуваат водење на книговодство, изработка на финансиски извештаи, годишно подготвување на финансиски извештаи, како и советување за подобрување на вашата финансиска ефикасност и контрола.

Подготвување на плати за вработени и пресметки на исплати за договори за повремено или привремено вршење услуги

Нашата компанија обезбедува комплетни услуги за подготвување на плати за вашите вработени. Ова вклучува процесирање на платите, издавање на платни листи, пресметка на даноците и социјални осигурувања, како и подготовка на пресметки за персонален данок и исплати на лица кои повремено или привремено извршуваат услуга за друштвото.

Даночно советување

Нашите даночни експерти обезбедуваат целосна поддршка и советување во врска за даночната регулатива во Република Македонија. Ова вклучува изработка и поднесување на даночни пријави, советување околу промени настанати во даночната регулатива во државата, поддршка во даночното планирање на друштвото и навремено информирање за даночни промени кои би имале влијание врз оперативното работење на истото.

Финансиски консалтинг

Нашиот тим на финансиски консултанти обезбедува стратегиско советување за управување со финансиите на вашата компанија. Овие услуги вклучуваат подготовка на бизнис планови, анализа на финансиските извештаи, развој на финансиска стратегија, буџетирање и финансиски прогнози, како и советување и финансиско планирање на инвестиции.

Регистрација на фирми

Нашата компанија обезбедува услуги за регистрација на нови фирми со посредништво преку нашите бизнис партнери кои имаат лиценци и се овластени за регистрирање на компании во централниот регистар на државата.

Контактирајте не

Scroll to Top